Манчестер Јунајтед по победата над Саумптетон на Олд Трафорд 2-1 имаше две причини за радост. Првата и позначајна причина е што “ѓаволите“ се одлепија на +7 од Сити во борбата за титулата, а втората е јубилејната 300-та победа во Премиер лигата.

Натпреварот со “светците“ во целост наликуваше на оној од првата полусезона, кога со погодоците на Робин ван Перси, Јунајтед стигна до трите бода победувајќи 3-2. Но, сега херој на “ѓаволите“ беше Руни, а не холанѓанецот.

Први поведоа гостите со голот на Родригез по кардиналната грешка на Карик и Де Геа во третата минута. Избраниците на менаџерот Сер Алекс Фергусон брзо се созедоа од шокот и преку Руни во осмата минута изедначија, а дваесет минути подоцна пак Руни погодува за победа на Јунајтед.

Резултати : Арсенал – Ливерпул 2-2, Ридинг – Челси 2-2, Мен Ју – Саумптетон 2-1, Евертон – ВБА 2-1, Фулам – Вест Хем 3-1, Норвич – Тотенхем 1-1.

Табела : Мен Ју 59, Мен Сити 52, Челси 46, Евертон 44, Тотенхем 43…

Мх.П.