Струшкиот кајакар-ветеран Ристо Чуркоски, на 8. Септември, Денот на независноста на Република Македонија со кајак ќе заплови од Струга, преку Охрид и Свети Наум до Поградец и Лин во Албанија, и ќе ја превесла патека долга 90 километри.


Чурковски (48) чија желба е да се промовира  идејата за добрососедство, поголема соработка меѓу трите крајезерски  града Струга, Охрид и Поградец, сака да развие традиција на пловење со кајак по езерските води и да ги зближи најмногу младите од двете земји.

Кога бевме млади натпреварувачи, често одевме до албанската граница, но никако не можевме да ја поминеме поради познатите состојби и затвореноста на Албанија. Сега, кога веќе живееме во едно демократско општество, ќе ја оствариме целта и ќе покажеме дека преку спортот и пријателството границите не се битни – вели Чуркоски.

Во неговото патешествие по Охридското Езеро  ќе го следат три помали бротчиња на кои ќе има медицинска екипа и физиотерапевт.

М.П.