Состојбата на граничните премини е катастрофална  смета Демократската обнова за Македонија. Оваа партија апелира до надлежните на стартот на туристичката сезона да преземат конкретни активности и влезовите во земјава да ги направат по европски терк.

Иницијативата за модернизирање на граничните премини, ќе биде официјализирана денеска, а од ДОМ очекуваат дека државата ќе преземе соодветни мерки за да се поправи првиот впечаток на туристите и намерниците кои доаѓаат или поминуваат низ Македонија.

Ohridnews