На охридските пратениците од ВМРО – ДПМНЕ, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, укинат им е домашниот притвор со одлука на кривичниот судски совет.

За Василевски била приложена гаранцијата во имот вреден 400.000 евра, додека за Арнаудов гаранцијата, исто така во имот, изнесувала 300.000 евра.

Василевски и Арнаудов се обвинети за немилите настани во собранието од минатиот април.

Инаку, денеска во судот во Скопје продолжи судењето за „27 април“. Поради бурна реакција, судечкиот совет ги отстрани адвокатите на одбраната од судницата и ги казни со по 1000 евра.

OhridNews