Со концерт на поп пејачот Ѓоко Танески денес започнува богатата социјално-едукативна програма во рамки на првото издание на големата промотивно спортска манифестација „Ohrid Water Festival“ во која се опфатени и 17 спортски настани. Концертот започнува во 20 часот пред платото на хотелот „Палас“ каде ќе се одвиваат и сите настани од социјално-едукативниот дел на програмата.

На 23-ти август, среда, во текот на денот од 10 до 14 часот ќе биде организиран отворен ден во ЈНУ Хидробилошки Завод. Во 20 часот ќе се одржи панел дискусија на тема „Охридското Езеро-валоризација на вредностите како пат кон идните бенефити“ во организација на ЈНУ Хидробилошки Завод. Во рамки на музичкиот дел од вечерта, ќе настапи ДЏ Багзи.
Ден подоцна, четврток, 24 август, ќе бидат поставена изложба „Почетоците на веслањето во Охрид“ во организација на ВК Горица Ремо – Петар Паунче Скитник и изложбата „Победници на Охридскиот пливачки маратон низ времето“ во организација на ПК „Охридски Бранови 2008“. Посетителите оваа вечер ќе ги забавуваат „Балканикос Бенд“ и „Жармена Бенд“.
Изложбата „Рибите од Охридското Езеро“ ќе биде поставена за посетителите на 25 август и истата е во организација на Здружението на риболовци „Св. Апостол Петар“. Истиот ден во организација на ОФВ и SLOW FOOD Охрид ќе се одржи промоција на охридска и македонска традиционална храна и пијалоци. Предвидена е и промоција на водени спортови. За добрата атмосфера ќе се погрижи ДЏ Rootboy Selector.

Првото издание на спортската манифестација „Ohrid Water Festival“ завршува на 27 август со концерт на Камерниот битолски оркестар „Рок Симфонија“.
Сите настани од социјално-едукативната програма ќе се одвива пред платото на хотелот „Палас“ во периодот од 19 до 23 часот и истите се бесплатни за посетителите.
OhridNews













