Со промоција на традиционални занаети на малиот плоштад,вечерва,  започнува годинешната културно – забавна манифестација „Бело Лето“. Посетителите на оваа промоција ќе имаат можност да се запознаат со традиционалните занаетчиски изработки на занаетчиите од градот, а исто така ќе им биде понуден и попуст од 20% за оние кои сакаат да купат некоја изработка.

Централниот настан од манифестацијата ќе биде со почеток во 21 часот, на Градскиот плоштад. За добрата забава ќе се погрижат популарната музичка група „Нокаут“ и познати ди џеи.

И оваа година во манифестацијата се вклучени голем број угостителски објекти кои своите услуги ќе ги нудат со пониски цени од 10 до 30 %.
Манифестацијата „Бело Лето“ се одржува по втор пат со цел да овозможи добра забава за охриѓани и туристите.

OhridNews