Центар за култура „Григор Прличев“

Од 10.09.2021 - 20:00 до 10.09.2021 - 21:30

Народниот театар од Охрид ја најавува новата театарска сезона. На сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ во петок( 10.09.2021) ќе се одигра театарската претстава „Крик за љубов“, според текст од Жозиен Баласко, а во режија на Љупчо Ѓоргиевски низ која провејуваат две теми, театарот и љубовта.

Театарската комична игра на карактери на сцената ќе ја донесат Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Горан Стојаноски и Ивица Цонев кои всушност ќе одиграат претстава во претстава.

Претставата е со почеток во 20:00 часот и истата ќе се одигра со намален капацитет со задолжително прикажување на сертификати за имунизација со најмалку една доза вакцина или за прележан Ковид во изминатите 45 дена.

 

 

ОhridNews