Во рамките на активностите за одбележување на патронен празник на ОУ „Дебрца“ Белчишта празникот се одржа Ноемврискиот крос 2011.
Повеќе од 40 момчиња и исто толку девојчиња зедоа учество на трката на која триумфираа Тутурески Петар во машка и Дуклеска Кристина во женска конкуренција.
Градоначалникот на Општина Дебарца г-дин Којчиноски Љупчо, со медаљи ги награди победниците на кросот:
Машка конкуренција:
1. Тутурески Петар – златна медаља
2. Војданоски Бранко – сребрена медаља
3. Митрески Јованчо – бронзена медаља
Женска конкуренција:
1.Дуклеска Кристина – златна медаља
2.Нелоска Александра – сребрена медаља
3.Војдиновска Љуба – бронзена медаља
Првиот Ноемвриски крос мина во одлична организација на наставниците по ФЗО, Марјан Бошалески како и колегите Бутеска Дивна и Цветковиќ Горан. Интенцијата е оваа трка да премине во традиционална.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com