Со полагање свежо цвеќе на Спомен- обележјата на борците од НОВ и крводарителската акција во ЈП “Охридски комуналец”, утрово започнаа активностите околу одбележувањето на 7- ми ноември, Денот на ослободувањето на Охрид.


Крводарителската акција се одржува во просториите на јавното претпријатие.

Како што потенцираа од општинскиот Црвен крст, покрај вработените во ЈП Комуналец, крв може да даруваат и сите заинтересирани, хумани сограѓани.


Ја поздравуваме иницијативата на менаџментот на јавното претпријатие кое одлучи овој празничен ден да го посвети на хуманоста и дарувањето крв. Ваквите акции се секогаш добредојдени, бидејќи секоја нова единица крв е скапоцена, вели Анета Јованоска од општинскиот Црвен крст.


По повод празникот, ЈП Комуналец денес ќе промовира нова опрема и машини од комуналната сфера, а на пригодната свеченост на вработените во јавното претпријатие ќе им бидат врачени јубилејни награди за 10, 20 и 30 години непрекината работа.

По повод патрониот празник „Комуналец“ ќе го промовира и новото хортикултурно решение на кружниот тек на ул.”Момчило Јорданоски”.

Ohridnews