Претставите ќе имаат можност да ги проследат учениците, нивните родители, наставници како и претставници од локалната заедница. Како што нагласуваат од ЛАР- Струга, со прикажувањето на претставите се има за цел да им се помогне на присутните да ги препознаат негативните дискриминаторски практики кои се прифатени како нормален дел од секојдневието. Приказните на куклените претстави се ситуации од вистинскиот живот. По завршувањето на секоја претстава, наставниците ќе развијат дискусија за тоа како проактивно да се решат случаите на дискриминација прикажани во куклените претстави.
– На таков начин, присутните не само што ќе научат да ја препознаат дискриминацијата, туку и ќе бидат поучени за тоа како да се реагира на истата. Оваа иновативна методологија ќе им помогне на локалните засегнати страни да изградат позитивен став кон правдата, еднаквоста и анти-дискриминација, велат од ЛАР.
Оттаму информираат дека во рамки на проектот “Немој”, предвидено е да се одржат вкупно 11 куклени претстави до крајот на годинава кои ќе се организираат во околните рурални заедници во Струга и Вевчани.