На Граничниот премин „Св. Наум“, вчера, на излез од Република Македонија, со автобус „Мерцедес“ со косовска регистарска ознака се пријавило 42-годишно лице Бугарија. Од страна на полициските службеници по извршена пасошка контрола утврдено е дека патната исправа евидира како изгубена/украдена, при што истата со потврда за привремено одземени предмети е одземена.
При дополнителна проверка во личните документи на лицето (лична карта, патна исправа и возачка дозвола) утврдено е дека истите се фалсификувани.
Лицето изјавило дека неговиот вистински идентитет е У.М.(41) од Приштина. Пријавениот е предаден на полициски службеници од Регионален центар Запад за понатамошна постапка.
OhridNews












