Голема маркетинг кампања би требало да ги убеди Британците дека обилните оброци со мрсна и слатка храна се убиствени. Алармантниот податок дека 9 илјади луѓе годишно умираат од прекумерна тежина досега не вродил со плод.
Еден од податоците кој исто така е алармантен укажува дека доколку не се променат прехранбените навики, до 2050 година околу 90 проценти од денешните деца во Британија ќе бидат изложени на ризик од дијабетес и срцеви заболувања.
Британскиот министер за здравство потенцирал дека не се работи за кампања, туку за револуција за подобар живот која би требало догорочно да ги измени навиките на луѓето.










