Со марш ќе се одбележува Меѓународниот ден на мирот
17.09.11 10:16
Во организација на Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, на 21 Септември 2011 година, со Марш во Охрид ќе се одбележи Меѓународниот ден на мирот.
Маршот ќе започне во 11 часот пред канцеларијата на Организацијата, која се наоѓа во просториите на бараќите на ,,Гранит,, и ќе продолжи по градскиот кеј, а како крајна дестинација е плоштадот и споменикот Св.,,Климент Охридски,,.
Од општинскиот Сојуз на борци ги повикуваат своите членови, граѓаните , претставниците од Локалната самоуправа, од АРМ , пензионерите, учениците, студентите, претставниците на политичките партии, невладините организации и Здруженија на граѓани да земат учество во маршот.
21- ви септември како Меѓународен ден на мирот се одбележува од 2011 година, кога одлуката за неговото одбележување е донесена со Резолуција од страна на Генералното собрание на ООН.
Резолуцијата ги обврзува сите земји и држави членки на ООН, редовно и секоја година, Денот на мирот да го одбележуваат со соодветни програми.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишно лице од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на на...
Во првите девет месеци од 2026 година, двата македонски аеродрома со кои управува ТАВ Македонија, Меѓународниот Aеродром Скопје и Aеродромот Св Апостол Павле Охрид, опслужиле вкупно 3,3 милиони пат...
Наградата „Драги“, воспоставена во чест на Драги Михајловски (1951 – 2022), македонски писател, преведувач, есеист кој остави траен белег во македонската култура со препевите на целокупното дело на...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.