Македонското здружение за остеопороза, заедно со пациентите, подржувачите и лекарите од Охрид, Струга и Битола, утре, во рамки на одбележувањето на Светскиот ден за остеопороза, организира марш покрај ќејот на Охридското езеро.

Маршот ќе започне во 14 часот и 6 минути , што го симболизира бројот на коски кај човекот. Маршот ќе се одвива под мотото „Сакајте си ги коските-заедно сме нескршливи“ што зборува за потребата од заеднички и организиран пристап во борбата со остеопорозата. Целта на овој марш е пред се да се промовира здравиот начин на живот и да се зголеми информираноста помеѓу граѓаните за поголема грижа за коските за да се спречат нови скршеници како последица на остеопорозата.

 Пред одржувањето на маршот ќе се одржи едукација за пациентите од страна на стручните лица- како со промена на стилот на живеење да се зацрврстат коките и да се спречи остеопорозата. 

На одбележувањето ќе присуствува и високиот претставник на Интернационалната Фондација за остеопороза  – Џуди Стенмарк.

Во светот на секои 3 секунди се случува остеопоротична скршеница, а во Македонија годишно се јавуваат околу 2,000 остеопоротични скршеници. Се претпоставуава дека околу 120.000 лица од Македонија имаат остеопороза. Бројот на дијагностицирани лица не е повеќе од 20.000 лица што зборува за многу низок процент на навремено откриени случаи со остеопороза кои соодветно се третираат.Болеста е најчесто асимтоматска и најчесто пациентите се јавуват доцна, дури после првата скршеница.

OhridNews