ЈУ Национален парк Галичица, со низа активности го менува начинот  на обезбедување средства за заштита на природата, согласно советите на меѓународните експерти-да се намали директното користење на природните ресурси, а средствата да се обезбедуваат преку таканареченото „меко користење на ресурсите“. Суштината е националниот парк, преку низа активности кои ќе се преземаат, да биде привлечен за што поголем број гости кои ќе може да уживаат во неговите убавини.

За таа цел, од страна на Фондот за доверба во Охридско-преспанскиот регион на долг рок ќе се доделуваат значајни парични средства наменети за развој на заштитените подрачја во земјава, од кои околу еден милион и половина евра годишно за потребите на ЈУ Национален парк Галичица.

  • Со оваа сериозна подршка од Фондот за доверба и нашите активности, ќе се придонесе националниот парк да биде поблиску до националните паркови со подолга традиција. Како што се покажа и во минатиот период, државата не може финансиски да ја помога заштитата на природата во категоријата на заштитени подрчја, затоа се добредојдени ваквите начини на помагање и финансирање, вели директорот на ЈУ Национален парк Галичица, Андон Бојаџи.

Интересот на туристите од година во година се менува, наместо како во минатото, поголемиот број од нив да сакаат денот да го минуваат на плажа, сега се поголем дел од нив се заинтересирани за активен туризм. Согласно тоа, националниот парк треба да е уреден што подобро и понудата да е што поквалитетна.

  • Во 2019 и 2020 целосно ќе се смени инфраструктурата, патеките. Ќе се изработи нова интернет страница и апликација за мобилен телефон со цел поголема информираност на посетителите во паркот, додава Бојаџи.

Денес и вчера во просториите на дирекцијата на установата се одржа дводневна работилница за подигање на капацитетите на администрациите на заштитените подрачја во охридско-преспанскиот регион.

OhridNews