Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ и „загадување на животната средина и природата“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против две лица од струшкото село Велешта.
Пријавените, како сопственици на парцела покрај брегот на Охридското езеро во Струга, на 03.03.2021 година ангажирале лица кои со градежна механизација извршиле насипување и тампонирање на нивното земјиште но и на површина што е во државна сопственост. Притоа, узурпирале 1372 метри квадратни државно земјиште а со насипување на земја и градежен шут во водите на Охридското езеро извршиле загадување на водите, уништивање н трската и на езерскиот биодиверзитет. – соопшти СВР Охрид.
OhridNews












