Угостителската понуда во Охрид од синоќа е побогата за лаунџ бар „Кадмо“, кој официјално започна со работа со дегустација на специјалитети од храна, кои ќе ги има во понудата.
Отворањето беше без официјалности, лежерно и во опуштена атмосфера. На мезе навратија пријатели, познати личности, политичари, намерници… Тие уживаа во вкусните и креативно аранжирани салати, ордевери, специјалитетите од месо и вкусни пици.
Зад секоја добра приказна стои тим. Лаунџ барот Кадмо покрај одличната готвачка екипа и услуга, располага со современа кујна и модерни детали, кои ќе се надополнуваат.
Новиот угостителски објект се наоѓа вeднаш до кафе терасата „Кадмо“ на брегот на Охридското Езеро, во стариот дел на Охрид. Ќе работи засебно и ќе нуди разни специјалитети од храна, а наскоро понудата ќе биде збогатена со дневно мени по исклучително достапни цени, најавуваат од „Кадмо“.
OhridNews
фото:Емилио