Тие се незадоволни од бавното реагирање на институциите, кои како што велат, само ветуваат но ништо не остваруват. Се жалат дека 40 години од изградбата овој фрекфентен патен правец не е реконструиран.
– Овој пат е изграден далечната 1969 – 70 и оттогаш наваму ништо не е направено. – вели жител на Пештани.
Друг пак ги изброил дупките од Метропол до Пештани.
– На тој потег има преку 180 дупки и невозможно е да се избегнат, изјави друг граѓанин, кој смета дека државата го заборавила овој пат и не прави ништо за да се реши проблемот.
Меѓу учесниците во протестот беше и членот на градскиот Совет од СДСМ Ѓорѓи Танески. Тој вели дека проблемот го актуелизирал во Советот, но надлежност за решавање на истиот нема општината, туку државата.
–Покрај овој пат гравитираат 6 села и е доста прометен. За жал од 1970 година не е ставено ни капка асфалт. Државата ништо не прави и покрај дадените ветувања. Нас не ни требаат споменици ни треба пат-вели Танески, според кого проблемот многу побрзо би се решил доколку надлежностите ги преземе локалната самоуправа.
Незадоволните граѓани велат дека лошата состојба на регионалниот пат Охрид – Св. Наум влијае и на туризмот и апелират надлежните што поскоро да извршат целосна санација на оваа фрекфентна сообраќајна делница.