Со мировен марш членовите на Сојузот на борци од НОБ од Охрид и Дебрца, денес,  го одбележаа  21 септември, Меѓународниот ден на мирот, кој се прослави во повеќе градови низ земјава.

Учесниците на маршот положија свежо цвеќе на бистите на паднатите борци и илинденци во Градскиот парк, а на градскиот плоштад пред присутните се обрати потпретседателот на Сојузот на борци –  Охрид, Никола Стефаноски, а беше прочитана и пораката на Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун.

OhridNews