Со поетската манифестација „Мостови на Струга“ и врачување на годинашните награди, вечерва завршуваат 56-те Струшки вчери на поезијата.
Вчера претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во „Вила Билјана“ во Охрид ги прими Симиќ, хрватскиот поет Горан Чолакхоџиќ кој е добитник на наградата „Мостови на Струга“ на СВП и УНЕСКО, носителот на наградата „Браќа Миладиновци“, македонскиот поет Михаил Ренџов, и организаторите на 56. издание на СВП.
Во Црквата „Св. Софија“ во Охрид синоќа се одржа Поетски портрет на Чарлс Симиќ.
На СВП учествуваат триесетина поети од Македонија и странство.
OhridNews













