Да се врати љубовта и почита на младите кон природата како и да се подигне нивната еколошката свест е главната цел на тридневниот музички фестивал “Аларм за природата”, кој ќе се одржува од 25-ти до 27-ми јуни, во Љубаништа.
За сите посетители, организаторите најавуваат 3 сцени (main, dance, alternative) со 24/7 музичка програма, преку 100 артисти и ДиЏеи, кино, театар, фудбал, ликовни колонии, како и можност да се сончаат и да се капат во водите на Охридското Езеро. Во музичкиот дел ќе може да се видат настапите на „Суперхикс“, „Лет 3“, „Лету штуке“, „Парасенс“, „Тролд“, „Мизар“, „Зостер“, „Бла Бла Бла“, „Бернајс пропаганда“, „Смат“, „Дедикејтед фор лајф“, „ТБ Трачери“, „Фолтин“ и „Љубојна“.
-Покрај забавата, фестивалот вклучува и работа на проекти, предавања, како од еколошка така и од областа на музиката и уметноста. Тоа ќе придонесе за будење на чувството на поврзаност и меѓузависност помеѓу човекот и природата и за спроведување на здрав начин на живот во хармонија со природното окружување, велат организаторите од Литиум рекордс.
По осум години пауза, „Аларм за природата“ е второ издание на АЛАРМ фестивалот. Првото издание, АЛАРМ 1, се одржа во авто кампот Љубаништа- Охрид, во 2002 година.
37 Охридски староградски средби 2025 ќе се одржат вечерва со почеток во 19 часот во големата сала при НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид Програмски квалитет што значи вредносно продолжувањ...
Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер Во Охрид времето денес сончево, со слаб ветер од северен правец Максима...
Девет кандидати во Струга ќе ја водат трката на претстојните избори за градоначалничката функција Меѓу нив Јована Мојсоска од Левица, Арсим Далипи од Националната алијанса за интеграција предводена...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.