Поради обемноста на собраните податоци при интензивните контроли во речиси сите градови во земјава, од УЈП не соопштуваат каква дејност обавуваат казнетите фирми во Охрид.
Од УЈП потенцираат дека кај најголемиот број казнети фирми станува збор за не пријавување на прометот преку фискалниот апарат при што објектите го фингирале прометот и прикажале помалку данок, со што освен што ја оштетиле државата, претставуваат и нелојална конкуренција на оние што го почитуваат законот.
Во акцијата на мобилните екипи на УЈП низ целата земја до сега се затворени вкупно 152 фирми. Најголем број казнети фирми се во тетовскиот регион.
Во зависност од прекршокот – непоседување на фискален апарат, неиздавање на фискални сметки и неводење на задолжителната финансиска документација, фирмите кои го заобиколиле законот се соочуваат со глоби во вкупен износ од 170.950 евра во денарска противвредност, како и со затворање на објектот од 15 до 30 дена.