Новото, тринаесетто издание на специјализираниот магазин за здравје и современ живот „Наше Здравје“ на аптекарскиот бренд „Виа Фарм“, на 40 страници донесува актуелни теми, интересни и едукативни содржини, во функција на заштита на здравјето и подобрување на здравствената култура кај нас.

И во овој број, еминентни стручни лица од најширокиот спектар на областите во здравството споделуваат корисни информации како да имаме поквалитетен и подобар живот. Така, во разговорот што го водевме со д-р Ангелчо Андоновски, директор на Детската болница „Козле“ се осврнавме на најважните информации поврзани со актуелните состојби со грипот, вакцините, како и алергиите. Д-р Сашо Ѓорѓиоски од Специјалната очна бопница „Деница“ од Скопје ни обрнува внимание на еден сериозен офталмолошки проблем кој се однесува на матнините во стаклестото тело. Понатаму, д-р Симонида Котлар Попоска ги споделува со нас нејзините стручни согледувања од областа на гинекологијата, д-р Мишо Крстески, пак, ги проширува нашите знаења од областа на дерматологијата, а д-р Кристина Митреска поблиску нѐ едуцира за прашањето на никотинската зависност. Секако, тука се и останатите совети и согледувања од областа на други здравствени теми какви што се стоматолошките и фармацевтските. – вели уредникот на магазинот м-р Марица Угриновска Баткоска.

Бесплатниот магазин „Наше здравје“ може да го најдете во аптеките „Виа Фарм“ во Охрид, Струга, Вевчани и Лабуништа, во Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ во Охрид и други препознатливи места во регионот.

OhridNews