Турската интелегенција во Македонија секогаш била чувствителна во однос на прашањето за настава на мајчин јазик. Доколку ја погледнеме моменталната состојба на образованието на Турски јазик, можеме да забележиме дека состојбата е загрижувачка, сериозна и алармантна, вели претседателот на невладината организација „УФУК“, Енес Ибрахим.

Денес учебниците на турски наставен јазик се уште не се преведени и испечатени, голем број на училиштата каде се изведува настава на турски јазик може да се види дека ги нема основните услови за реализирање на наставата. Иако средното образование е задолжително, сведоци сме дека во многу делови на државата каде што живее турската популација не постојат средни училишта на турски наставен јазик.Исто така, еден многу загрижувачки факт е и тоа дека во државните универзитети, на насоките каде што се изведува настава на турски јазик не е доволен бројот на наставниците, што значи дека се работи за сериозен проблем, вели Ибрахим.

Наместо на “21 Декември Денот на образование на турски јазик” , да бидат донесени на дневен ред проблемите со кои се соочува турската заедница во образованието на турски јазик, со „нашминкани манифестации“ не принудат да заборавиме на проблемите на полето на образованието, кои за нас се рани кои обилно крварат, потенцира Ибрахим.

OhridNews