Возбудата на третиот ден од турнирот „Ohrid FREED 2025“ продолжи со низа интересни натпревари кои донесоа и комплетирање на една од групите. Тимовите покажаа одлична форма, спортски дух и голема борбеност, а публиката уште еднаш го исполни теренот со навивачка енергија.
Резултати од трето коло:
- Чардак Велгошти : ЈП Охридски Комуналец – 3:9
- Провелд : ТАВ Македонија- 7:5
- АСП ПАК : Општина Охрид – 9:1
Со натпреварите од третото коло се комплетираше групата В, каде што првото место со 6 бода го освои тимот на Гранит X, второто Провелд со 3 бода и на третото место заврши тимот на ТАВ Македонија. Првопласираните два тима продолжуваат во четвртфинале додека на тимот на ТАВ Македонија им се заблагодаривме на учеството и им доделивме медал за учество, велат организаторите.
Турнирот „Ohrid FREED 2025“ продолжува и вечер со уште поатрактивни дуели и вистинско спортско шоу во сала, со кои ќе се комплетираат и останатите три групи.
- МАГНА : ЈП Колектор и ЈП Нискоградба – 20 часот..
- КОСТАЛ Македонија : Општина Охрид – 21 часот
- Инекс Олгица Хотел и СПА : ЈП Охридски Комуналец – 22 часот.
OhridNews
















