ВМРО-ДПМНЕ веројатно не се свесни дека со навредите упатени кон градоначалникот Александар Петрески го омаловажуваат сопствениот град во кој живеат и работаат и го намалуваат неговиот имиџ во странство од каде очекуваме туристи, стои во дел од реакцијата испратена од Локалната самоуправа во врска со коментарите на општинската ВМРО- ДПМНЕ околу доделувањето на признанието-Балканска престолнина на културниот туризам за 2010.
” Признанието го доделува Балканската алијанса на хотелските асоцијации во консултации со Светската асоцијација на хотели и ресторани. Заедно со признанието се доделува и свечена тога, како специфично обележје кое во посебни прилики треба да го носи градоначалникот на градот добитник” , стои во дописот.
” Трагикомично е тоа што Владата на ВМРО-ДПМНЕ потроши 2 милиони евра за спотови на телевизиската мрежа Си-Ен-Ен ,а во Македонија не дојде ниту една организирана група американски туристи. Трагикомично е тоа што ништо не вложија да ја подобрат инфраструктурата и подобрувањето на сообраќајниците кон Охрид”, велат од Локалната самоуправа.












