Според податоците на Центарот за јавно здравје во Охрид регистрирани се 19 случаи на пациенти со класична слика на грип, број кој постојано е во пораст.
Многу поголем е бројот на настинки, кои се манифестираат со болки во мускулите и зглобовите, покачена температура, кашлање, воспалено грло.
Стручните лица со совети- да не се користат лекарства на своја рака, туку веднаш да се посети својот матичен лекар.
Да се внесуваат повеќе витамини преку овошје или во таблета, често да се мијат рацете со сапун или со антибактериско средство, да се избегнуваат контакти со заболени лица. На луѓето кои се заболени од грип им се препорачува мирување , консумирање многу течности , да избегнуваат употреба на алкохол и цигари и ако е потребно да земаат лекарства препорачани од доктор.