Со низа активности деновиве ќе се одбележи 7- ми ноември, Денот на ослободувањето на Охрид. Вечерва, со почеток во 19 часот Седмоноемвриски концерт ќе одржат учениците од основното музичко училиште „ Методи Патче“ во големата сала на општина Охрид.

Утре, на спомен-обележјата од НОБ ќе биде поставено свежо цвеќе, а свечена седница по повод 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид ќе се одржи во 13 часот во општинската зграда. Предвиден е и седмоноемвриски ученички атлетски крос од хотел „Ројал“ до Градски плоштад, во организација на Општина Охрид и Сојуз на училишен спорт, кој ќе започне во 14.30 часот.

Вечерта во 18 часот ќе се одржи свечена приредба по повод Патрониот празник на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.

OhridNews