По повод Светскиот ден на бубрегот, во недела, 1-ви април, во салата на општина Охрид со почеток во 11 часот, ќе се одржи пригоден настан на тема „Бубрезите и женското здравје“. Пред присутните ќе се обратат претставници од здружението „Нефрон“, а предавање ќе одржи д-р Василије Томаноски. Свое обраќање ќе имаат и членови на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри.

Според податоците со кои располагаат здруженијата, 10 проценти од населението во светот има некоја форма на хронична бубрежна болест. Доколку се превенира, рано се открие и соодветно се следи и лекува, може да ја забави прогресијата на болеста до краен стадиум кој неопходно бара лекување со дијализа или трансплантација.

OhridNews