Со низа активности под  мотото „Во срцето на здравјето“, утре на градскиот плоштад во Охрид ќе биде одбележан „Светскиот ден на срцето“.

Екипи од Заводот за кардиоваскуларни заболувања ќе вршат основни превентивни прегледи, односно ќе ги советуваат граѓаните како да го променат начинот на живеeње со цел заштита на срцето и крвните садови.
 
Оваа година  Светскиот ден на срцето се одбележува и има за цел да го поттикне секој еден поединец на активности со кои би го заштитил и зачувал своето здравје, но во истовреме и да поттикне промени во своето опкружување, во својата локална заедница, во своето општество.“ – изјави Изабела Автоска, в.д. диркетор на Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид.

„Светскиот ден на срцето“ е востановен во 2000 год. од страна на Светската федерација за срце,  со цел да се информираат луѓето ширум светот дека  болестите на срцето и мозочниот удар се водечка причина за смрт во светот, и однесуваат околу  17.3 милиони животи на годишно ниво.

OhridNews