Денес се оддржа првата фокус група во рамки на проектот „Поттикнување на младинското учество во политичките процеси“ во организација на Младинскиот совет Охрид, како регионална канцеларија на коалицијата на младински организации „Сега“. Зедоа учество млади на возраст од 15 до 30 години, ученици, студенти, невработени лица, преставници на здруженија, политички подмладоци како и претставници вработени во културните и нституции, а се дискутираше за приоритетите култура и младинско информирање.

Целта на проектот е да се подигне свеста за младинските прашања кои нив ги засегаат и да се охрабри младинското учество на Локалните Избори во 2013 година.

Како што е предвидено, проектот ќе се реализира преку повеќе активности и организирање на локални фокус групи на тема ,,Што очекуваат младите личности од политичките лидери и колкава е нивната мотивација за гласање,, презентација на резултатите од фокус групите до политичките партии преку писмо со препораки, анализа и евалуација на предизборните програми на политичките партии, со цел да се види дали дел од препораките ќе бидат вметнати во изборните програми на кандидатите за Градоначалник, креирање и емитување на видео спот за мотивација на младите гласачи, емитување на радио програма ,,Оствари го твоето право- ГЛАСАЈ,, дизајнирање и дистрибуција на информативни летоци на ,,ИНФО ДЕНОВИТЕ,,  кои непосредно пред Локалните Избори ќе бидат организирани на отворено.

На фокус групите ќе се дискутира според дефинирани области од секој приоритет, по што ќе се врши приоретизирање на различните аспекти од тематската област според критериумите ЕФЕКТИВНОСТ, ЕФИКАСНОСТ И ОСТВАРЛИВОСТ ВО ПРАКСА. Со гласање ќе се одредат три приоритети, за кои групата ќе понуди соодветни решенија.

Проектот е финансиран од Националниот фонд за демократија и покрај во Охрид ќе се реализира и во општините Прилеп, Тетово, Скопје, Куманово, Струмица и Кавадарци.

OhridNews