Делегација на општинската организација на Црвен крст – Охрид денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на Анри Динан, основоположникот на Црвениот крст и Црвената полумесечина. 
За вторник предвидена е крводарителска акција во Факилтетот за туризам и угостителство наменета за студенти и за сите граѓани, среда ќе биде инфо ден кога пред дечињата од градинките и сите заинтересирани граѓани ќе ги промовираме нашите активности и на 14 мај во сабота ќе имаме голема хуманитарна акција, а собраните средствата ќе бидат донирани за деца од социјално загрозени семејства и мигранти од Украина, изјави Терзиоска.

Интересот е голем. Во моментов тече проектот на ПХВ, каде младите изработуваат проекти со кои ќе се помага на социјално загрозените семејства, ја подигнуваат еколошката свест и го градат интеркултурното општество преку промоција на мир и соживот, вели Терзиоска.

Инаку, Анри Динан е основоположник на Црвениот крст и Црвената полумесечина, роден е на 8 мај 1828 година.
Н.С.Ј











