Со низа свечености, СВР Охрид утре ќе го одбележи Дeнот нa македонската полиција 7-ми мај.
Во рамките на активностите по повод овој ден, предвидена е промоција на проектот „За мојата безбедност се грижиме јас и мојот пријател полицаец“ во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, како и изведба на сообраќаен час за учениците од ОУ „Братство Единство“ Охрид“.
Исто така, предвидена е средба со претставници на локалната самоуправа, свечен прием на градоначалниците од општините Охрид и Дебрца, претставници на охридскиот Основен суд и Јавното обвинителство, на подрачните единици на министерствата, претставници на средношколските центри, на оделението за одбрана и на Армијата на Република Македонија, на царинската управа, на јавните претпријатија, Црвениот крст, на пензионерската организација и пензинирани работници на СВР Охрид, претставници на медиумите и невладините организации како и со други институции.
OhridNews