Активностите за одбележување на празникот 2-ри август, Денот на републиката, ќе почнат вечерва во селото Велгошти, каде во 20 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците, по што ќе следи и културно уметничка програма.

Утре, 2-ри август, во 9 часот ќе се положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците во градскиот парк. Во 11 часот, во село Плаќе предвиден е историски час .