Глобалниот настан, Меѓународна недела на продавачи на уличен печат и годинава го слави претприемачкиот дух и го дига гласот на ранливите групи во борбата против сиромаштијата.Во настанот се вклучуваат уличните весници и списанија, членки на Меѓународната мрежа на уличен печат ИНСП, меѓу кои е и „Лице в лице“.
Во рамки на одбележувањето на настанот низ улиците на Струга и Охрид неделава ќе се врши продажба на активистичкото списание „Лице в лице“.
Предвидено е да се одржи и мултимедијален настан со учество на повеќе уметници, како и промоција на нов број на уличното списание.