Утре пред спомен-обележјата на Славеј Планина и во селото Годивје ќе биде положено свежо цвеќе по повод 70-годишнината од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“ и Денот  на армијата.

Како што информираат од општинската организација на Сојузот на борци на НОАВМ 1941-1945 и граѓаните поддржувачи, во 11 часот на Славеј Планина поздравна реч ќе има делегација на СБ од НОАВМ за Охрид и Дебрца, а пригодно обраќање ќе има висок претставник на ГШ на АРМ.

Во селото Годивје од 12:30 часот, свечено ќе биде отворена спомен собата во чест на баталјонот „Мирче Ацев“ и Шестата Македонска народноослободителна ударна бригада. Настанот ќе биде надополнет со културно-уметничка програма.

OhridNews