Празнувањата по повод 11 октомври- Денот на востанието на македонскиот народ, во четврток ќе започнат со положување на свежо цвеќе на спомен обележјата на Андон Дуков и Спас Банџов во градскиот парк, на бистата на Петре Пирузе- Мајски пред Основниот суд, на Мите Богоески пред Економското училиште, во Спомен паркот на револуцијата и на Градските гробишта.

Со почеток во 10.30 минути, ќе започне свеченоста што ќе се одржи во големата сала на општината, а во организација
на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна
на Македонија 1941 – 1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид
и Дебарца, во соработка со општините Охрид и Дебарца. Пригодно обраќање ќе има
претседателот на Општинскиот одбор на СБ од Охрид и Дебарца Гоце
Георгиески, по што ќе се одржи трибина посветена на Генерал Михајло
Апостолски, командант на ГШ на НОВ и ПОМ, по повод  71 година од
почетокот на НОАВМ и 25 годишнината од неговата смрт.


Во 12 часот свечено ќе биде пуштен во употреба кружниот тек на крстосницата на булеварот „ Туристичка“ и улицата „ АСНОМ“ кај поранешниот ресторан „ Охридија“.

Свечено ќе бидат пуштени во употреба и детското игралиште во населбата „ Гоце Делчев“  ( кај бараките ) и детското игралиште и реконструираниот парк кај кружниот тек во близина на Општата болница.

OhridNews