11-ти Октомври, Денот на македонското востание, во Охрид ќе се одбележи со низа свечености.
Утре пред спомен обележјето на НОВ во градскиот парк ќе биде положено свежо цвеќе, а во големата општинска сала со почеток од 13:00 часот ќе се одржи свечена седница по повод празникот.
Исто така, во текот на утрешниот ден во Центарот за култура ќе биде отворена изложбата „Коњи на слобода во Европа“, како дел од соработката помеѓу збратимените градови Охрид и Каен од Франција
OhridNews