Ноќната трка која ќе се одржи вечер со почеток во 21 часот ќе го означи стартот на деветтото издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“, која има богата програма утре и во недела кога ќе се одржат трките од 5 и 21 километар.
Стартот на Ноќната трка е пред плажата Куба Либре, трасата е долга 2 км, а финишот е на Кеј Македонија, пред хотел Палас, велат од АК „Охрид трчаТ“.
Трката е со рекреативен карактер и нема возрасни ограничувања и е отворена за сите кои сакат да трчаат, забавуваат и дружат.
По завршувањето на трката учесниците ќе уживаат во хуманитарна паста забава и концерт на групата Балканикос. Ги покануваме сите охриѓани и гости да бидат дел од оваа незаборавна ноќ – со спорт, музика и хуманост во прв план, додаваат.
Инаку, денес и утре е отворено „Охрид трчаТ ЕКСПО“ каде учесниците може да ги подигнат стартните пакети, да се запознаат со деталите околу трките и да се подготват за незаборавен тркачки викенд во Охрид.
OhridNews