Наскоро во земјава, ќе биде донесен Закон за воведување на систем за управување со квалитет и заедничка рамка за проценка на работењето и давањето услуги во државната служба известуваат од Министерството за информатичко општество и администрација.

Законот која доаѓа на предлог од граѓани, веќе ја помина владината процедура и е испратен на разгледување и усвојување во Собранието на Република Македонија.

Целта на овој закон е воведување на меѓународни или македонски стандарди на систем за управување со квалитет, како и заедничка рамка за проценка на работењето, со што ќе се обезбеди подобар квалитет на услугите во државната служба.“ – рече министерот Ивановски.

Во органите ќе се воведе најмалку основниот стандард ИСО 9001, а во зависност од надлежностите на органите може да се воведат и други типови ИСО или македонски стандарди кои ќе го надополнуваат основниот стандард.

 „Владата на Република Македонија ќе формира Координативно тело кое ќе доставува извештај за напредокот на воведувањето на стандардите за управување со квалитет и заедничката рамка за проценка за изминатата година. Исто така, предвидени се и прекршочни одредби за оние институции кои најдоцна до крајот на 2014 година, нема да ги воведат стандардите ИСО 9001. Доколку институциите не ги почитуваат процедурите и протоколите нема да можат да бидат ресертифицирани од страна на Сертификационото тело.“ – додава Ивановски.

Инаку, прекршочните одредби предвидуваат глоба во износ од 1.500 до 8.000 евра во денарска противредност за функциониерот кој раководи со органот, како и глоба во износ од 750 до 4.000 евра во денарска противредност изречена за лицето кое работи на работното место задолжено за активностите околу воведувањето на стандардите и инструментите.

OhridNews