На ден 17.122010 година, околу 18 часот и 30 минути, пријавениот, физички го нападнал неговиот татко и со кујнски нож го прободел во пределот на стомакот.
По здобиената повреда, таткото на пријавениот со такси возило бил пренесен во Општата болница во Охрид, а потоа во болницата во Струга каде му е извршена хируршка интервенција.
Настанот се случил во семејната куќа во селото Велгошти за време на семејната вечера. Поради непристојно однесување на пријавениот и предупредување од страна на родителите, дошло до меѓусебна вербална расправија по што таткото со рака се обидел да го смири синот и да му укаже на недоличното однесување.
По извршениот увид, М.В. е приведен во СВР Охрид и во текот на денешниот ден ќе биде изнесен пред Истражен Судија при Основниот Суд во Охрид.
Пронајден е и одземен кујнскиот нож со кој е извршен нападот и нанесена тешката телесна повреда.