Од МВР информираат за два случаи на семејно насилство што се случиле на подрачјето на општините Охрид и Струга.

Вчера, околу 19 часот, во Струга, на улицата „Маркс Енгелс“, 26-годишно лице од село Корошита, кој бил поранешен свршеник на 26-годишна жена од Шведска, лице со хендикеп, откако ја раскинале свршувачката, со намера да ги врати облеката и златниот накит, отишол во зградата во која престојува истата со семејството. Откако видел дека влезната врата од зградата била затворена, насилно ја отворил, влегол во станот и физички ги нападнал жената и нејзинито семејство, поточно 18-годишната сестра, таткото и мајката.

Во еден момент во станот пристигнал и братот на пријавениот и истите повторно ги нападнале присутните, а во намерата биле спречени од страна на лице кое престојувало во истата зграда. Насилството продолжило и пред самата зграда каде сторителите со тупаници го напаѓале семејството, при што мајката паднала во бесознание. Истата со возило на Итна медицинска помош е пренесена во струшката Општа болница, каде и е укажана лекарска помош и е задржана за понатамошно лекување, додека таткото се здобил со телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Од СВР Охрид информираат за уште едно семејно насилство што се случило на 13-ти јуни. 43-годишен охриѓанец околу 3 часот во семејниот дом во Охрид, ја разбудил неговата мајка и со нож во рака, започнал да ја навредува упатувајќи и сериозни закани по нејзиниот живот. Во еден момент, синот го ставил ножот под вратот на мајката и продолжил со навредите и заканите кон својот родител со што предизвикал силно чувство на страв, вознемиреност и несигурност кај оштетената.   

Против лицето поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „семејно насилство“.

OhridNews