Ноќеска во 02.05 часот во Полициската станица во Охрид, 25-годишен охриѓанец пријавил дека неговото патничко возило „Опел Астра“ со охридски регистарски ознаки кое било паркирано во импровизирана лимена гаража било оштетено од огнено оружје.
Од страна на полициски службеници извршен е увид при што било констатирано дека истата вечер во периодот од 22.00 до 02.00 часот, засега непознато лице со огнено оружје, од проектилите го оштетило задното ветробранско стакло, стаклото на предна лева врата, задната лева врата, задното лево крило. Додека, пак, на лимот од гаражата имало повеќе отвори кои наликувале дека се предизвикани од проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.
OhridNews