Издавањето на Охридското Езеро под концесија на правно лице ќе биде голема грешка бидејќи главен интерес на концесионерот ќе биде профит, а не заштита на рибниот фонд, предупредуваат  екологистите кои предлагаат езерото да се даде на управување на локалните самоуправи на Охрид и Струга.

-Локалнаите власти ќе бидат поодговорни имаат совети во кои има претставници на крајезерските населби и може брзо да се реагира и во заштита и во развој на рибниот фонд.-изјави Лазо Наумоски, независен екологист.

Наумоски смета дека стопанскиот риболов на Охридското Езеро треба да биде минато, а да се дозволи само рекреативен риболов во туристички цели, додека за потребите на угостителите да се одгледува охридска пастрмка во мрестилишта кои со риба би се снабдувале од репродуктивен центар кој би функционирал во склоп на Хидобиолошкиот завод.