Во селото Збажди, во ловниот дом на друштвото “Малесија”, свечено одбележан почетокот на ловната сезона. На одбележувањето присуствуваа поголем број ловци, а се обрати и претседателот на Здружението за екологија, лов и риболов „Малесија“ Стојан Дукоски, кој се осврна на значењето на концесијата што ја доби здружението на конкурсот распишан од страна на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, за користење на отстрелот на дивечот во наредните дваесет години.

На првиот ден од ловната сезона од страна на ловецот Горан Јованоски отстрелани се две волчици над селото Збажди.

OhridNews