Образовен центар „Opportunity Ü“

Од 27.11.2021 - 11:00 до 27.11.2021 - 13:00

По повод отворањето на новиот образовен центар „Opportunity Ü“, утре, сабота ,во периодот од 11 до 13 часот ќе биде одржан отворен ден за промоција.

Во рамките на отворениот ден ќе бидат организирани работилници за сите заинтересирани деца по англиски, германски, македонски јазик и математика. Истите ќе бидат организирани со многу активности, интерактивни игри, подароци и изненадувања. По работилниците ќе следува приемот за возрасни, каде ќе може да се добијат сите потребни дополнителни информации, велат од „Opportunity Ü“.

Образовниот центар се наоѓа на улица „Даме Груев“ 43а, на просторот помеѓу старото кино и „Сити Бајк“.

OhridNews