Екипите на „Охридски Комуналец“ хортикултурно го оплеменаа новиот кеј во Пештани. На шеталиштето кое се протега од рибниот ресторан до поранешната зграда на полициската станица, на 15 партерно оформени катчиња се изврши засадување на 15 палми, а околу нив се засадени 75 шимшири и 150 парчиња сезонски цветен материјал од видот хипоестес.
Претходно со средства од локалната самоуправа беше изграден потпорен ѕид , се поставија бекатон плочки, систем за наводнување на цвеќињата, а предвидено е и поставување на клупи за седење, кејот да се осветли и да се изгради нов паркинг простор.
OhridNews