Чествувањата во чест на ловороносецот „Григор Прличев“ продолжија денес со панихида на неговиот гроб на која присуствуваше делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Кирил Пецаков и останати претставници од политичкиот и јавниот живот од градов.
Потоа, точно напладне пред бистата на великанот кај НУ библиотека „Григор Прличев“ започна настанот „Стихови и звуци за Прличев“. Во рамки на настанот беше изведена песната „1762 лето “ од страна на хорот при ООУ „Григор Прличев“, беше положено свежо цвеќе на спомен- бистата на поетот, по што градоначалникот Кирил Пецаков им врачи награди на учениците Марија Јакимоска и Кирил Мартиноски чии литературни творби беа избрани за најдобри на претходно распишан конкурс од страна на ООУ „Григор Прличев“.
Настанот беше збогатен со читање на наградените творби, а беседа за Прличев одржа Зоран Пејковски од Друштвото на Писатели на Македонија.
Со „Стихови и звуци за Прличев“ завршија чествувањата во рамки на манифестацијата „Прличеви беседи“
OhridNews























