Министерството за транспорт и врски информираше дека во рамки на ревидираната и одобрена ИПА 2 програмата обезбедени се 127,2 милиони евра, од кои 19,1 милион евра се средства од Буџетот на Република Македонија, со кои ќе се реализираат инфраструктурни проекти во повеќе општини, меѓу кои и во Охрид.
Имено 7 милиони евра, ќе се искористат за изработка на проектни документации за изградба на велосипедски патеки во општините Скопје, Тетово, Штип и Охрид.
Најмногу средства, 71,5 милиони евра ќе бидат искористени за изградба на дел од третата фаза на пругата кон Бугарија, делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир. Во секторот патишта обезбедени се 48,7 милиони евра кои се наменети за изградба на втората фаза од експресниот пат Градско – Прилеп, делница Градско – Дреново, реконструкција на делница Куманово – Ранковце, изградба на трета лента на патен правец Градско – Прилеп, делница Плетвар и замена на заштитни огради на автопатот на Коридор 10, во должина од 100 километри.
OhridNews












