Со цел запознавање на популацијата со постоењето на Законот за спречување и заштита од дискриминација и подигање на јавната свест кај луѓето, денес во организација на локалната самоуправа и општинскиот Црвен крст, на градскиот плоштад се одржа културно- уметничка манифестација.

Учениците од основните училишта „Братство Единство“, „Живко Чинго“, „Григор Прличев“ и „Методи Патчев“ ја пренесоа пораката за спречување и заштита од дискриминацијата до сите граѓани на општина Охрид.

Потребата од едукација за препознавање на дискриминацијата треба да почне од рана возраст и затоа како целна група на оваа манифестација беа опфатени учениците од основните училишта, потенцираат организаторите .

Во рамките на манифестацијата, велосипедскиот клуб „Екодром“ обезбеди велосипеди со кои младите можеа да се забавуваат во спортскиот дел од програмата.

OhridNews